Нацизам или Национал-социјализам (германски: Nationalsozialismus) главно се однесува натоталитаристичката идеологија и дејствување на Нацистичката партија (Национал-социјалистичка германска работничка партија, германски: Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei или NSDAP, НСДАП) на чело со Адолф Хитлер. Исто така се однесува и наполитиката на владата на Германија од 1933 до 1945, период во германската историја познат како Нацистичка Германија или „Третиот Рајх“.
На 5 јануари, 1919, партијата била основана како Германска работничка партија (DAP) од Антон Дрекслер. Хитлер, како десетар, бил пратен од германската разузнавачка служба да ја разгледа партијата, но поради импресивната говорничка способност за време на една дискусија со членовите, бил поканет да ѝ се приклучи на партијата. Хитлер за некое време се одлучил да ја прифати поканати и влегол во партијата во септември 1919, станувајќи одговорен за пропаганда. Партијата била преименувана во Национал-социјалистичка германска работничка партија на 1 април, 1920, за разлика од предлогот на Хитлер - Социјал-револуционерна партија. Хитлер станал водач на партијата на 29 јули, 1921.
Нацизмот не бил прецизна, теоретски поткрепена идеологија, ниту пак масовно движење, туку германска комбинација од разни идеологии и групи, обединети од гнев спрема Версајскиот договор и спрема она што го сметале за Еврејска/комунистичка завера за понижување на Германија на крајот на Првата Светска војна. Така, се состоела од неконкретен збир од гледишта фокусирани кон оние што ги обвинувале за поразот и слабоста на Германија: антипарламентаризам, етнички национализам, расизам, колективизам,антисемитизам, социјална демагогија, опозиција на економскиот и политичкиот либерализам, расистички поглед на завера нафинансискиот капитализам и антикомунизам.
Кога нацизмот станал владеачки во Германија, особено по 1933, во пракса бил дефиниран како што и да ѝ одговарало наНацистичката партија, особено на Фирерот, Адолф Хитлер.
No comments:
Post a Comment